Фудбалска репрезентација на Југоисточна Поранешна Југословенска Република Македонија!
22.09.10 13:06
Аматерскиот фудбалски тим на Македонија на претстојните квалификации за Купот на регионите што го организира УЕФА ќе настапува под неверојатното име, на кое дури и тимот на Метју Нимиц би му позавидел. Југоисточна Поранешна Југословенска Република Македонија. Ова е неверојатното име, под кое е пријавена аматерската фудбалска репрезентација на Македонија за квалификациите во УЕФА Купот на регионите, натпревари што почнуваат в сабота во Струмица и во Турнов, пишува денешна “Нова Македонија.
Купот на регионите е рекреативно натпреварување под закрила на УЕФА, а на кое учествуваат аматерите од сите европски држави, што значи дека за нашиот тим ќе играат играчи од второлигашките и третолигашките екипи. Селектор на тимот е Мите Митев, кој за овие квалификации повика фудбалери од територијата на цела Македонија, иако според правилата на натпреварувањето, играчите требало да бидат токму од регионот на земјата од каде што доаѓаат.
На името под кое ФФМ го доставила овој тим како екипа од одреден регион од државата би му позавидел и Метју Нимиц, посредникот на дваесетгодишниот спор помеѓу Македонија и Грција. Наместо да одредат некој регион што навистина постои во нашата земја (Пелагонија, Полог, Тиквешија…), како што е случајот на преостанатите земји-учеснички, од ФФМ измислиле неверојатно комплицирано име кое е тешко да се изговори одеднаш, а камоли да се напише…
Особено што во официјалните (нормални) натпреварувања на УЕФА, Македонија мора да настапува со додавката „Поранешна Југословенска Република“, ова беше идеална шанса Федерацијата да предложи име кое нема да биде проблематично или во најмала рака да служи за потсмев кај преостанатите учесници.Така, преостанатите селекции се пријавиле под имињата Далмација (Хрватска), Анкара (Турција), Прахова Мунтенија (Романија).., а најблиску до името на нашиот тим е Северна Ирска, која ќе настапи под името Источна Северна Ирска (!?).
Во групата со Југоисточна Поранешна Југословенска Република Македонија се селекциите на Сандарна (Шведска), Источна Северна Ирска и Тарту Насерв (Естонија). Првото коло е в сабота, второто в понеделник, а квалификациите завршуваат идната среда.
После кратката пауза поради новогодишните празници теквондистите од клубот „Хваранг Фист“ започнуваат со припреми за новата натпреварувачка сезона Клубот е високо рангиран во Македонската олимписка...
Ракометната и спортската јавност силно ја потресе веста за смртта на прославениот ракометен ас, поранешен репрезентативец и актуелен тренер на РК Пролет Александар Јовиќ, кој почина ненадејно синоќ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20:30 часот во Вараждин Арена го игра првиот натпревар на Светското првенство Прв противник на “црвено-жолтите” е ре...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.