Фудбалерот на Баер Леверкузен Надим Амири и голманот на Штутгарт Грегор Кобел ги одбележаа првите натпревари во Бундес лигата на почетокот од Новата 2021 година.

Амири на дуелот со Ајнтрахт Франкфурт постигна погодок кој ретко се гледа на терените. 24-годишниот фудбалер со ролинг се ослободи од својот чувар, а, потоа со петта го совлада голманот на Ајнтрахт Франкфурт.

Погодокот на Амири можете да го погледнете на 1 минута и 41 секунди од видеото.

Голманот Кобел во мечот со Лајпциг успеа да одбрани пенал со нога. Не е ништо новост одбраната со нога, туку начинот. Ударот од белата точка на Форсберг беше по средина, а Кобел со рефлексна интервенција ја „закачи“ топката со нога и го одбрани пеналот.

Моментот од пеналот можете да го погледнете на 1 минута и 21 секунда.

  • Резултати:

Арминија Билифилд – Борусија Менхенгладбах 0-1

Ајнтрахт Франкфурт – Баер Леверкузен 2-1

Келн – Аугзбург 0-1

Хофенхајм – Фрајбург 1-3

Вердер Бремен – Унион Берлин

Херта – Шалке 3-0

Штутгарт – Лајпциг 0-1

Табела: Лајпциг 31, Баерн Минхен 30, Баер Леверкузен 28, Унион Берлин 24…

OhridNews