Фудбалот во Македонија (ќе) има светла иднина ако се суди според кандидатите кои полагаат за професионалната тренерска А лиценца во Дојран.
Поранешните репрезентативци Николче Новески, Александар Митревски, Славчо Георгиевски, Филип Деспотовски Драган Начевски и Миле Крстев како и Суад Зендели, Никола Карчев и Игор Стојанов се дел од третиот дел од курс на кој кандидатите спроведуваат практична анализа на противникот, подготовка на против игра и неделен микроциклус.
По завршувањето на курсот сите кандидати ќе полагаат пред специјализирани луѓе од УЕФА и со А лиценцата ќе можат да работат во секој клуб во светот.
OhridNews