Фудбалот се враќа во Германија!

После пауза од два месеци и голема битка со вирусот Ковид -19, љубителите на спортот ќе можат да уживаат во фудбалските вештини во германската Бундес лига.

Германците се покажаа најупорни, најдисциплинирани и најодговорни, затоа се први со официјален рестарт на сезоната. На денешната програма има шест натпревари. Термините се стандардни 15:30 односно 18:30 часот.

Двојки:

Аугсбург – Волфсбург

Борусија Дортмунд – Шалке

Фортуна Дизелдорф – Падерборн

Хофенхајм – Херта

Лајпциг – Фрајбург

Ајнтрахт Франкфурт – Б. Менхенгладбах

OhridNews