Во присуство на голем број фудбалски работници, спортисти, навивачи, комплетните фудбалски селекции на Македонија, „А” и „У-21″, присутните ги поздрави генералниот секретар Игор Климпер:
Почитувани,
Добровечер и драго ми е да ја поздравам во името на ФФМ и сите фудбалски работници, првата изложба на фудбалска фотографија организирана во Македонија.
Петр Стојановски е фоторепортер од помладата генерација, но веке доволно време присутен на фудбалските терени, како член на навивачката група комити, а фотографирајќи ги нив, преминува во сликарските води, каде продолжува како уредник на фотографија во Утрински весник.
Фотографијата има специфична вредност, и затоа вечно ќе трае борбата помегу фоторепортерите за поубава фотографија, за необичен момент. Магијата на овој вид изразување не успеаја да ја потиснат ниту бројните нови технологии а нејзината документаторска вредност е бесценета .
Затоа во името на сите присутни тука во Музејот на град Скопје му честитам на Петр кој успеал да долови извонредни , необични настани на фудбалските терени било од настапите на репрезентацијата било од домашното првенство.
Изложбата во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена во наредните 7 дена.
извор “ФФМ“.