Најдобар доказ дека фудбалот може да понуди се и сешто во еден натпревар е средбата помеѓу Севиља – Еибар во рамките од шпанската Ла лига. Дуелот го одбележа фудбалерот од домашниот состав Лукас Окампос кој го постигна одлучувачкиот погодок на мечот (1-0), а потоа добро се снајде во улогата на голман.
Голманот на Севиља се повреди а петте дозволени беа направени. Голманските нараквци и дресот без двоумење ги облече Окампос. Тој во финишот успеа да го одбрани обидот на гостинскиот голман кој во казнетиот простор дојде во финишот од натпреварот.
OhridNews