Капитените од екипите кои се натпреваруваат во Премиер лигата покренаа добротворна иницијатива за  собирање на финансиска помош со која ќе му се помогне на здравствените работници во битката со коронавирусот. Иницијативата ја соопштија капитените на Ливерпул (Џордан Хендерсон), Манчестер Јунајтед (Хари Мегвајер) и Тотенхем (Хари Кејн), потоа се приклучија капитените од останатите екипи.

Последнава недела одржавме серија разговори низ кои баравме начин да помогнеме во оваа ситуација. Најголема помош во ова време е да ги почитуваме мерките и препораките во борбата со коронавирусот. Ние одлучивме финансиски да помогнеме се со цел докторите да се фокусираат само на работата не мислејќи за личните придонеси. – стои во соопштението од капитените.

На фудбалерите јавно им се заблагодари министерот за здравство Мет Хенрок. Тој на социјалните мрежи напиша дека сите треба да играат тимски бидејќи ова е голема битка.

OhridNews