Фудбалерите на Јувентус, зачудени и збунети од методите на работа на Андреа Пирло, итно побарале средба со тренерот, на која ќе присуствуваат и луѓе од клупската управа.

Како што пренесува италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, фудбалерите не се задоволни од методите на Пирло кој воопшто не ги консултира за тактиката или било што околу противникот. Пирло, секогаш кога требало да се разговара со играчите го испраќал помошникот, Игор Тудор, додека во текот на мечевите инструкции на фудбалерите им кажувал вториот асистент, Роберто Баринио.

Сличен стил на работа имал и претходникот на Пирло, Маурицио Сари. Сари во Јувентус се задржа само една сезона, а, ако Пирло продолжи по неговите стапки, не се знае како и дали ќе ја доврши сезоната во Торино.

Нова повреда и пауза за Еден Азард

Само што се врати на терените, Еден Азард се повреди и повторно ќе мора да паузира. Азар поради повреда предвреме го напушти дуелот помеѓу Реал Мадрид и Алавес.

Денешните лекарски прегледи покажаа оштетување на мускулот, а докторите му одредиле пауза од три недели.

Шпанците, после најновата повреда веднаш пресметале дека Азард од терените отсуствувал 229 денови од разни разни повреди. Азард во Реал Мадрид се пресели од Челси летото 2019 година.

OhridNews