Фудбалерите на ГФК Охрид во неделата на 3-ти jули официјално ги започнаа подготовките за новата престојна сезона во Втората Македонска лига.

Секојдневно се одржуваат комбинирани и интензивни тренинзи на терен и во фитнес теретана. Во подготвителниот период пред официјалниот старт предвидени се и неколку пријателски натпревари, информираат од клубот.

OhridNews