Навивачите на Лестер вечерва имаат двојна причина за радост. Управата на клубот го назначи Брендан Роџерс за нов менаџер, а фудбалерите со 2-1 го совладаа Брајтон и ставија точка на серијата без победа во Премиер лигата.
Поранешниот менаџер на Ливерпул, Роџерс одма ја прифати понудата на Лестер и замина од клупата на Селтик, каде беше последниве три сезони. 46-годишниот стратег мечот го проследи на трибините, а фудбалерите му посакаа топло добре дојде со победата над Брајтон.
Во останатите мечеви кои вечерва се одиграа Њукасл славеше над Барнли (2-0), Евертон на гостински терен го победи Кардиф (3-0), а фенерџијата Хадерсфилд со минимални 1-0 беше подобар од Вулверхемтон.
OhridNews