Тревникот кој чинел 600 илјади долари е исечен за фудбалерите да можат да ги закопуваат своите амајлии кои наводно им помагаат на екипите да ги победат натпреварите. Сето ова се случувало во Свазиленд. Најголема штета е предизвикана на центарот и околу головите.

Владата на Свазиленд размислува на осомничените тимови да им забрани пристап на најголемиот национален стадион во главниот град Лобамба. Полицијата отворила истрага, а секреетарот за спорт се жали дека тревникот бил стар само 6 месеци.