Платите на фудбалерите на Манчестер јунајтед значително ќе бидат намалени доколку не се пласираат во Лигата на шампионите.

Многу клупски играчи имаат таков услов во своите договори, објави „Атлетик“. Сепак, некои играчи може да се договорат за помало намалување. За дел од играчите платата нема да се промени доколку не се пласираат во Лигата на шампионите.

Меѓу оние кои имаат таква клаузула е и играчот за врска Пол Погба, но неговиот договор е со важност до претстојното лето.

Претходно се дозна дека платата на Кристијано Роналдо ќе се намали од 480 илјади фунти неделно на 360 доколку Манчестер Јунајтед не биде во топ 4 во Премиер лигата на крајот на сезоната.

OhridNews