Полицијата во Малта, поради изминат рок на визата, уапсила еден нигериски фудбалер за време на натпревар во втората лига на домашното првенство.

Пред вчудоневидената публика, полицајците влегле на теренот и го уапсиле Доминик Матиш, го одвеле во полициска станица и очекуваат налог за негова депортација.


Полициските службеници подоцна објасниле дека го предупредиле клубот за истечениот рок на визата на Матиш, но дека тој сепак бил на списокот на играчи кои ќе настапат на натпреварот.

Во 2008, бројот на илегални емигранти достигнал 2.775, што претставува голем проблем за Малта, имајќи предвид дека оваа островска земја има 400.000 жители.