Фудбалерот на Вест Хем, Мичел Антонио нема по добро да го памети крајот на 2019 година. 29-годишниот фудбалер, доцна синоќа, во сообраќајна несреќа го уништил 250 000 евра вредниот автомобил Ламбурџини.
Антонио веројатно возел со непрописна брзина и влетал во двор од жители во Лондон. Добра е информацијата дека членот на Вест Хем поминал без сериозни повреди, но сведоците на несреќата останале фрапирани кога го виделе фудбалерот како од автомобилот излегол облечен како снешко.
Дополнителнителната полициска истрага ќе покаже дали Антонио возел под дејство на алкохол, а потоа фудбалерот ќе одговара соодветно англиските закони за сообраќајни прекршоци.
OhridNews