Англичаните на оригинален начин, организирајќи турнир во видео играта „ФИФА 20“ помеѓу фудбалерите успеаја да ги анимираат симпатизерите на Премиер лигата.

Најдобар „гејмер“ помеѓу фудбалерите заврши Диего Жота од тимот на Вулверхемптон. Жота во финалето го совлада Трент Александар Арнолд од составот на Ливерпул.

На турнирот под името „ePremier League Invitational“ учествуваа 20 фудбалери односно по еден играч од секоја екипа. Правило беше фудбалерот да игра со екипата во која настапува. Целиот турнир се играше во КУП систем.

Жота во полуфиналето славеше против фудбалерот на Лестер Вилфред Ндиди со 8-2 додека Александар Арнолд победи против Рахим Стерлинг со 3-2.

Сите средства од рекламите и спонзорските договори се донирани во организацијата која се бори со коронавирусот.

OhridNews