Дисциплинската комисија во француската Прва лига на неограничено време го суспендираше фудбалерот на Монако Гелсон Мартинс за напад на судија. Мартинс незадоволен од судиската одлука на мечот Нимес – Монако го турна главниот судија на натпреварот. Фудбалерот доби црвен картон, а пред да замине во соблекувалните уште еднаш го нападна судијата со туркање.
Според правилата во Француската фудбалска федерација минимална казна за ваков испад е осум натпревари. Дисциплинската комисија до одлучување на казната го суспендираше фудбалерот кој ќе мора повеќе да внимава на однесувањето.
OhridNews