Фудбалерот на Мајорка, Лука Валеро постави нов рекорд во шпанската Примера лига откако на дуелот со Реал Мадрид настапи со 15 години и 219 дена.

Соиграчот на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски во игра влезе во 83-та минута и стана најмладиот дебитант во шпанскиот елитен фудбал. Рекордер до сега бил Франсиско Родригез кој во далечната 1939 настапил со 15 години и 255 дена.

Младиот фудбалер е роден во Мексико и потекнува од фудбалско семејство, но тој избрал да игра за аргентинската репрезентација.

Што се однесува до натпреварот, Реал Мадрид славеше со 2-0 и се врати на врвот од табелата во Ла лига.

OhridNews