Составот на Барселона го искористи правото на џокер и во своите редови надвор од предниот рок го доведе Мартин Брајтват од тимот на Легањес.

Шпанската фудбалска федерација на Барселона и дозволи џокер, откако докторскиот тим поднесе извештај за тешката повреда на Осман Дембеле. Францускиот фудбалер ги скина лигаментите од коленото и најмалку ќе паузира шест месеци.

Одлуката на каталонците за џокер падна на данскиот напаѓач. Легањес за предвремениот раскин на договорот со 28-годишниот фудбалер ќе добие 18 милиони евра. Барселона во текот на денот ќе го претстави новиот член кој ќе има ултра тешка задача да го надополни отсуството на Дембеле и Луис Суарез, кој исто така е надвор стројот поради повреда.

Брајтвајт оваа сезона во 27 натпревари има постигнато осум погодоци и еднаш асистирал до своите соиграчи. Во Легање се преселил во 2019 година од англискиот Мидлзброу.

OhridNews