Ужасни сцени го обиколија светот од натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер во 14. коло од италијанската Серија А. Едоардо Бове (22), играч од средниот ред на Фиорентина, во петнаесеттата минута од мечот колабираше на теренот од засега непозната причина. На терен веднаш влетаа лекарските екипи, а играчите на двата тима го опколија за да го заштитат од камерите. Натпреварот кој беше прекинат при резултат 0:0 нема да продолжи денеска.
Бове колабирал без дуел, бил сам кога завршил на тревникот. Веднаш реагираа неколку фудбалери на Интер и побараа лекар што поскоро да влезе на теренот и тоа се случи. После тоа, Бове со возило на брза помош е пренесен во болница. Според првите информации на италијанските медиуми, Бове дише самостојно и е надвор од животна опасност.
Fiorentina-Inter has been suspended.
Prayers with Edoardo Bove. 💙🙏🏻 pic.twitter.com/DqAZuLAQYB
— Nerazzurri Society (@nerazzurriSoci_) December 1, 2024
Бове во Фиорентина настапува како позајмен играч од Рома. Сезонава забележа 11 настапи за тимот од Фиренца.
Г.М.
Фото: Принтскрин Х