Фудбалерот на Челси, Калум Хадсон Одои е претплатен за скандали во Велика Британија. Ново внимание на јавноста младиот фудбалер привлече со најновиот инцидент, кој се случил доцна синоќа.

Имено, Хадсон Одои договорил состанок со непозната девојка после неколкудневен флерт на социјалните мрежи. Голгетерот на „сините“ испратил автомобил по девојката која според очевидците изгледала гламурозно. Во раните утрински часови состанокот ескалирал, девојката повикала брза помош и полиција. Таа била одведена во болница, а фудбалерот бил уапсен.

Инцидентот го потврди англиската полиција.

Фудбалерот на Челси ќе се соочи со неколку пријави и казни. Тој ќе биде казнет за прекршувањето на мерките во време на пандемија, за насилство ако го имало во состанокот на слепо, а сигурно ќе биде драстично казнет од клубот.

Хадсон Одои беше првиот фудбалер во Премиер лигата позитивен на коровнавирусот. Тој за време на карантинот организираше забава и не ги почитуваше мерките.

OhridNews