Францускиот фудбалер Муса Дембеле ги шокираше фудбалерите на Атлетико Мадрид, губејќи свест на почетокот од вчерашниот тренинг. Дембеле изненадно падна на теренот, а играчите веднаш дотрчаа и му пружија прва помош.

Над Дембеле се извршени сите прегледи, а клубот информира дека Французинот имал проблеми со крвниот притисок.

24-годишниот Дембеле шпанскиот клуб го засили во зимскиот преоден рок од француски Лион. Тој во Мадрид пристигна како позајмен фудбалер, а „јорганџиите“, во летниот преоден рок треба комплетно да го откупат неговиот договор, вреден 35 милиони евра.

OhridNews