Натпреварот од 21-та рунда во италијанската Серија Б помеѓу Лече и Асколи прекинат беше веднаш после започнувањето, откако домашниот фудбалер Мануел Скавоне колабираше на теренот.

32-годишниот фудбалер свеста ја изгуби и падна како покосен после обичен дуел со противнички играч. Фудбалерите кои беа во близина на Скавоне интервенираа доволно, додека дотрчаа докторите на двете екипи.

Италијанските медиуми информираат дека свеста на Скавоне му се вратила во брзата помош и дека не е во животна опасност. Фудбалерот на Лече ќе остане во болница неколку дена за завршување на деталните прегледи.

Мечот помеѓу Лече и Асколи судијата го прекина по барање на капитените од двата клубови, бидејќи на никој не му беше до играње фудбал.

OhridNews