Фудбалерот Липарит Даштојан и кревачот на тегови Татул Арутјуњан го завија светскиот спорт во црно, откако починаа во војната помеѓу Ерменија и Азербејџан.

Голем број на спортисти помеѓу кои беа и Даштојан и Арутјуњан доброволно се пријавија да војуваат за Ерменија против Азербејџан во Нагорно-Карабах, територија во Кавказ.

Смрта на 22-годишниот Даштојан ја потврди Фудбалскиот клуб Алашкерт, додека за Арутјуњан информацијата ја лиферуваше Националната федерација за кревање на тегови.

Војната помеѓу двете земји трае веќе две недели. Сите спортски и култорно настани се одложени во двете земји, кои бројат голем број на жртви.

 

OhridNews