Скопски Металург е лидер на табелата со 10 освоени бодови, по ремито на стартот против Илинден 0-0 , Металург забележа три победи во низа и тоа над Беласица,Слога а последна жртва беше тимот на Локомотива .
За некои можеби е изненадување но на високото второ место е Турново, по неочекуваниот пораз на стартот од Локомотива, победите над Скопје, Нов Милениум како и онаа последната над Брегалница ги исфрлија во преден план.
Тетекс кого го гледавме на Билјaнини е на третото место, кое според квалитетот кој го поседува е сосема заслужено. Четвртото и петто место ги делат Скопје и Миравци со по 7 бода. По одличниот старт некогашниот првак Слога Југомагнат претпре два пораза кои го ставија во средината на табелата. Без пораз се и охридските “сини“ кои одлично се држат во досегашниот тек на сезоната една победа и три ремија стојат запишани на нивното конто. По нив следуваат екипите на Вардар, Нов Милениум, Дрита и Алумина со по 5 бода. Сигурната зона завршува со екипте на Илинден и Бреалница кои на последните натпревари беа поразени со идентични 2-1 од Караорман односно Турново. Во „црвената“ зона се Локомотива, Караорман, Влазрими и Беласица.
Наредното петто коло го носи охридското дерби кое се игра во Велмеј, Илинден – Охрид. Со различен “есап“ влегуваат и едните и другите во дербито, а ремито ми е некако најблиско, одговорот ќе го дознаеме во сабота 16.00. На останатите терени лесни три очекува Металург против Миравци, а во натпреварот на давеникот против давителот играат Беласица и Караорман .
Експерименталната втора лига со 18 екипи ќе биде долга и вистинско прашање е колку екипи ќе успеат да ја издржат. Прва на листата за откажување е Беласица која се наоѓа во длабока криза. Минатата сезона играчите кои потекнуваат од оваа школа Пандев, Стојков успеаја да го спасат тимот од испаѓање, оваа година ќе имаат многу потешка задача да го спасат тимот од распаѓање ! !