Екипата на Струга ја совлада Шкендија во Тетово 0:2 во директниот дуел за шампионската титула и го одбрани трофејот што го освои и минатата година.

Воска Спорт одигра реми без голови со Тиквеш во Кавадарци и со обезбеден опстанок во последното коло ќе го пречека Гостивар.

Од 1 лига испаѓаат Македонија Ѓорче Петров и Брегалница, а бараж за опстанок најверојатно ќе игра Вардар.

Во втората лига изминатиот викенд на програмата беше 29-то, претпоследно коло во кое ГФК Охрид загуби од Тетекс во Тетово со 2:1.

Охрид е шести на табелата и растоварено ќе ја пречека екипата на Кожуф во последното коло.

Г.М.