Асот на Белгија, Еден Азар со стари проблеми ја започна новата сезона. Фудбалерот на Реал Мадрид на кампот од белгиската селекција се појавил со неколку килограми плус, што веднаш го уклучил алармот во шпанскиот клуб.
Фитнес тренерите во „кралскиот клуб“ подготвиле специјална програма за Азар која ќе треба да ја подобри физичката подготвеност и да ја намали килажата.
Азар и минатата сезона во Реал Мадрид пристигна со неколку килограми плус, а очигледно не му дојде паметот и ги повтори грешките.
Закажани претседателски избори во Барселона
На средината од март следната година во Барселона ќе се одржат претседателски избори. Барселона подготвува строги мерки и протоколи за изборите кои можеби ќе се одржат во време на пандемија од коронавирусот. Изборот ќе трае два дена и ќе биде на неколку локации. Актуелен претседател е Хосеп Бартомеу.
„Црвено копче“ од ФИФА за наместени натпревари.
Светската фудбалска централа (ФИФА) одобри специјална апликација дизајнирана да им помогне на фудбалерите.
Со нејзина помош, играчите ќе можат да информираат за секој обид за местење на натпревари на кои тие се сведоци. Апликацијата „Црвено копче“ е во сопственост на глобалниот синдикат на играчи на ФИФПРО и ќе се дистрибуира насекаде преку локалните фудбалски синдикати.
Секој сигнал ќе го испита релевантниот оддел на ФИФА, а според ФИФПРО, апликацијата ќе им даде шанса на играчите да информираат за неправилностите без страв за себе, за своите семејства и за нивните кариери.
OhridNews