Маестралниот погодок на Килијан Мбапе, одлуката на Серија А поради корона вирусот мечевите да се играат без публика и срамниот потег на Ерик Дајер кој се пресмета со гневни навивачи на Тотенхем, се работите кои го одбележаа клупски фудбал на елитно ниво.
Погодокот на Мбапе „ала Роналдињо“
Францускиот ас Килијан Мбапе со маестралниот соло гол против Лион го имаше потегот на синоќешните натпревари во фудбалска Европа. Мбапе на дерби средбата го копираше погодокот на легандарниот Роналдињо во „Ел класико“ кога преполниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ му аплаудираше на Бразилецот. Репрезентативецот на „триколорите“ покрај евро голот постигна уште два за убедлив триумф од 5-1 во дербито.
Ерик Дајер е новиот Ерик Кантона
Фудбалерот на Тотенхем Ерик Дајер е новиот Ерик Кантона. Англискиот репрезентативец Дајер испровоциран после елиминацијата од Норвич во ФА Купот се пресмета со неколку навивачи на трибините во Лондон. За да се смират страстите на трибините реагираше редарската служба, а Дајер е топ тема во англискиот фудбал. За потсетување, Ерик Кантона пред повеќе од 20 години, тогаш како играч на Манчестер Јунајтед нападна навивач на Кристал Палас удирајќи го со карате техника.
Eric Dier just came into the stand and had a fight with fan next to me ? pic.twitter.com/nMGVcDWegX
— Jascha Selby (@jselby123) March 4, 2020
Месец дена без публика во Серија А
Челниците на Серија А и Италијанската фудбалска федерација се соочуваат со голем проблем поради раширувањето на корона вирусот. Одложувани беа натпревари во Серија А и Купот на Италија, а со најновата одлука се затвараат трибините месец дена. Непопуларниот потег е морален чин, бидејќи постои опасност да не доигра сезоната во „калчо“ лигата.
OhridNews