Грешките и промашувањата се составен дел од фудбалот. Во фокусот на европската фудбалска јавност се најдоа голманот на Барселона Нето и фудбалерот на Нант Симон Моузес.
Нето на дуелот со Алавес направи почетничка грешка и го даруваше домаќинот со водечки погодок. До крајот на мечот каталонците изедначија, но за грешката која ја направи Нето ќе се зборува уште долго време.
Симон Моузес наместо на празен гол да ја затресе мрежата се сплетка со топката и таа заврши покрај голот. ПСЖ максимално го искористи поклонот од Моузес и во продолжението стигна до победата.
Шмекерски потег на Тадиќ
Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ направи шмекерски потег во финишот од натпреварот помеѓу Ајакс и Фортуна Ситард , откако му го препушти пеналот на соиграчот Квинс Промес. За него ова беше прв погодок и многу драг, бидејќи дојде со голема поддршка од капитенот.
OhridNews