Европската фудбалска организација (УЕФА) планира да воведе две нови ставки во фудбалскиот правилник пред официјалното продолжување на сезоната која е стопирана поради пандемијата на коронавирусот.
Со оглед дека мечевите од националните шампионати ќе се играат на високи температури во летниот период УЕФА ќе воведе правило на пет измени и задолжителен тајмаут од две минути. Претходно тајмаутот беше минута одмор.
УЕФА не остапува од ставот да се доиграат првенствата. После прекинувањето на белгиското првенство, УЕФА се закани со казни и суспензии ако некоја друга земја се одлучи за крај. УЕФА притиска за завршување на шампионатите се со цел да се доиграат клупските натпреварување под нејзина капа, Лигата на Шампиони односно Лигата на Европа.
OhridNews