Фудбалерите на Џенова не успеаја да освојат бодови на домашен терен, откако во последниот меч од деветтата рунда во Серија А, пораз претрпеа од Парма 1-2 (0-2).

„Млекарите“ триумфот на „Луиџи Ферари“ стадионот го највија во првиот дел во кој ги постигнаа два погодоци. Два пати прецизен беше Жервињо. Џенова во 50-та минута преку Шумуродов го намали резултатот на 2-1, но до крајот не најде начин за втор погодок. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев во игра влезе во 70-та минута.

Резултати:

Торино – Сампдорија 2-2

Џенова – Парма 1-2

Лестер се сопна на Фулам, Вест Хем подобар од Астон Вила

Фаворитската улога му се удри од глава на Лестер, претрпувајќи не очекуван пораз од Фулам (1-2) на „Кинг Пауер“ стадионот. Гостите од Лондон со триумфот над Лестер побегнаа од опасната зона и најавија излез од резултатска криза.

Вест Хем се искачи на петтата позиција, триумфирајќи со 2-1 во дуелот со Астон Вила. Двете екипи одиграа квалитетен и до крај неизвесен натпревар. Вест Хем поведе со 1-0 после само две минути игра. Астон Вила врати преку Грилиш, за 1-1 на полувремето. Домаќините го вратија водството преку Боувен. Во продолжението гостите промашија пенал, а во 90-та минута ВАР системот им поништи погодок поради офсајд.

Во шпанската Ла лига, Еибар ги освои трите бодови, победувајќи го Бетис со 2-0.

OhridNews