Борбата во фудбалот од теренот се префрли на маса. Главен збор имаат агентите кои посредуваат помеѓу своите клиенти и клубовите или репрезентациите. Токму такви вести доаѓаат од светскиот фудбал.
Нов договор за Џајнлујџи Буфон
Чуварот на мрежата Џајнлујџи Буфон уште една година ќе биде дел од Јувентус. Буфон и клубот од Торино најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката. Оваа сезона, Буфон ја дели минутажата со полскиот голман Шчезни, а така ќе биде и следната сезона.
Златко Далиќ останува селектор на Хрватска
Златко Далиќ и следниве две години ќе биде на селекторската клупа од хрватската фудбалска репрезентација. Далиќ и „коцкастите“ на Мундијалот во Русија стигнаа до финалето каде изгубија од Франција во мечот за златен медал. Селекторот на хрватите имаше отворена понуда од Обединетите арапски емирати за фудбалски ангажман, но ја одби и одлучи да остане на клупата од својата родна земја.
OhridNews