Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ се налути и одби да го засили рускиот клуб Локомотива Москва, откако неговите адвокати пронашле низа неправилности во договорот. Русите сакале да го злоупотребат курсот на рубљата која варира и да му исплатат помалку пари на Манџукиќ од договореното.

Манџукиќ бесен ги прекина преговорите поради обидот за измама на рускиот клуб. Тој имаше договорено се, но на крајот не испадна ништо. – изјавил агентот на хрватскиот фудбалер.

34-годишниот фудбалер моментално е без клуб, а последна екипа каде играше беше Ал Духал во Дубаи.

Шалке назначи нов тренер

Младиот стратег Мануел Баум е нов тренер на Шалке. Бундеслигашот од Гелзенкирхен довербата му ја додели на Баум кој ќе го наследи Давид Вагнер. Поголем интерес кај навивачите на Шалке привлече асистентот на Баум. Се работи за Налдо кој долги години беше столб на одбраната на Шалке.

Баркли „жртва“ во Челси, замина на позајмица во Астон Вила

Англичанецот Рос Баркли кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила како позајмен фудбалер од Челси. Баркли е „жртва“ на Стемфорд Бриџ поради офанзивната на клубот во летниот преоден рок. „Сините“ доведоа седум нови фудбалери и јасно беше дека некој ќе го напушти клубот.

OhridNews