Сапуницата помеѓу Мауро Икарди и Интер доби конечен епилог, откако францускиот гигант Пари Сент Жермен одлучи да го откупи целокупниот договор на аргентинскиот фудбалер.
„Светците“ на италијанскиот калчолигаш во текот на летниот преоден рок треба да му уплатат 50 милиони евра во име на оштета за предвремениот раскин на договорот со Икарди.
Недоразбирањата на релација Икарди-Интер започнаа минатата година кога фудбалерот застапуван од својота сопруга одбиваше да потпише нов договор. Управаа на „нероазурите“, прво го седнаа на клупата а потоа му ја одзедоа капитенската лента. Кога на кормилото на Интер дојде Антонио Конте тој побара Икарди експресно да биде продаден или отстранет од екипата. Затоа, Интер го пушти на позајмица во ПСЖ и после една сезона французите одлучија да го откупат.
„Црвените ѓаволи“ (ќе) можат да сметаат на Игало
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер најверојатно нема да се соочи со главоболки за навалната линија во екипата. Агентот на Одион Игало потврди дека блиску е до договор со клубот од Кина каде настапува неговиот клиент за позајмица до крајот на сезоната, а не до јуни како што стои во договорот. Поради пандемијата на вирусот Ковид -19 сезоната беше прекината и ќе продолжи, но во текот на овој месец нема да заврши.
OhridNews