Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, искажа пофални зборови за предводникот на Арсенал, Микел Артета кој се наоѓа под голем притисок поради слабите резултати на тимот во Премиер лигата.

Арсенал не може да најде подобар тренер кој ќе го води клубот во наредните години. Не треба да му давам поддршка, бидејќи тој веќе ја има, тој знае за тоа. Артета е секако еден од најдобрите тренери со кои некогаш сум работел и сум го видел лично – поради неговата личност, посветеност, љубов кон неговиот клуб. Јас сум прилично сигурен дека тој ќе промени сè и ќе направи како што сите очекуваат. Понекогаш е потребно време кога клубот не е во најдобриот период. Да бев во управниот одбор на Арсенал, немаше да се сомневам во неговото ниво и способност. – изјави Гвардиола.

За потсетување, Артета беше асистент на Гвардиола во Манчестер сити од 2016 до 2019 година.

Роналдо: Повеќе сакам да гледам бокс или УФЦ на ТВ отколку фудбал

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо раскажа кој спорт претпочита да го гледа на ТВ кога има слободно време.

Мојата страст е фудбалот, но повеќе сакам да гледам други спортови на ТВ. Помеѓу гледањето на фудбалски натпревар, бокс или борба против УФЦ, претпочитам бокс или УФЦ. Кога бев во Манчестер јунајтед, тренерот боксуваше со мене. – изјави Роналдо.

Тој додаде дека боксот е добар за фудбалот, затоа што ги изострува сетилата и помага за моториката на телото.

OhridNews