Вечерашните натпревари со кои се комплетираше викенд програмата во нациналните првенства понудија дузина голови и многу возбудувања.

За издвојување е дербито во Серија А, помеѓу екипите на Милан и Рома, кое заврши без победник 3-3. „Росонерите“ три пати имаа водство, а „волчицата“ три пати успеваше да ја надополни негативата. Стрелци на головите за Милан беа Златан Ибрахимовиќ кој реализираше два голови и Алексис Салмекерс, додека за Рома погодуваа Един Џеко, Џордан Веретут и Мараш Камбула.

Екипата на Тотенхем со минимални 1-0 славеше дуелот со Барнли. Творец на погодокот кој донесе три бодови за Тотенхем беше Хонг Сон Мин. Во преостанатиот натпревар од вечерва Брајтон – ВБА ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1.

Во германската Бундес лига, Баер Леверкузен запиша нови три бодови со победата над Мајнц 3-1, а Леванте и Селта Виго во шпанската Ла лига ремизираа со 1-1.

OhridNews