Составите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул се посрамотија во дуелите со Тотенхем и Астон Вила претрпувајќи порази 1-6 односно 7-2.
„Црвените ѓаволи“ доживеа тотален колапс на Олд Трафорд во дербито со Тотенхем иако поведоа со 1-0. „Петлите“ од Лондон со шест голови во мрежата го торпедираа Манчестер Јунајтед и му нанесоа тежок пораз.
Ливерпул не помина ништо подобро на гостувањето на „Вила Парк“. Астон Вила немилосрдно ја казнуваше секоја грешка на Ливерпул и со 7-2 го совлада шампионот.
Премиер лига: Лестер – Вест Хем 0-3, Саутемптон – ВБА 2-0, Арсенал – Шефилд 2-1, Вулверхемптон – Фулам 1-0, Мен Ју – Тотенхем 1-6, Астон Вила – Ливерпул 7-2
Фудбалерите на Баерн Минхен на крилата од Роберт Левандовски во драматичен финишо ја совладаа Херта со 4-3. Полскиот голгетер ги постигна четири погодоци и на дело покажа зошто е одбрана за најдобар фудбалер во Европа.
Бундес лига: Волфсбург – Аугсбург 0-0, Баерн Минхен – Хета 4-3
Барселона ги подели бодовите со Севиља ремизирајќи 1-1 во дербито на колот во шпанската Примера. Ремито на Ноу Камп максимално отиде во прилог на „кралевите“, кои со триумф над Леванте 2-0 се пробија на врвот од Ла лига.
Примера: Осасуна – Селта Виго 2-0, Алавес – Атлетик Билбао 1-0, Леванте – Реал Мадрид 0-2, Кадиз – Гранада 1-1, Барселона – Севиља 1-1
OhridNews