Екипата на Бока Јуниорс објави дека е поведена судска постапка против Барселона, поради трансферот на дефанзивецот Сантијаго Рамос Минго. Трансферот на 18-годишниот Аргентинец се случи во февруари 2020 година.

Ние ја тужиме Барселона во врска со случајот Рамос Минго затоа што веруваме дека имаме права. Она што се случи беше варварско и остави многу лош вкус. Постојат работи што не треба да се случуваат. Овој играч имаше потенцијал и огромен талент. Не мислам дека Барселона ќе земе играч кој нема шанси, нели? – вели претседателот на Бока Јуниорс, Амор Амел.

Барселона во моментов се соочува со финансиски проблеми и има барање до фудбалерите да се согласат на намалување на платите.

Најстариот фудбалер на светот има 74 години

Египќанецот Езелдин Бахадер, кој има 74 години, вчера официјално стана највозрасниот активен фудбалер на светот и го доби признанието за Гинисовата книга на рекорди. Бахадар ги одигра сите 90 минути за клубот „6 октомври“ на натпреварот од третата лига на Египет, против „Ел Ајет Спортс“. Неговиот тим загуби со 3: 2.

Бахадер одигра два официјални натпревара по 90 минути. Првиот натпревар се одигра пред паузата поради корона-пандемијата, па тој мораше да чека седум месеци за да го одигра и вториот натпревар. Со тоа, тој го исполни условот за да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди.

Бахадер е роден на 3 ноември 1945 година и го урна рекордот што до вчера го држеше Израелецот Исак Хаика, кој бранеше минатата година за израелски тим на 73-годишна возраст.

OhridNews