Контроверзниот фудбалер Марио Балотели кариерата ќе ја продолжи во Серија Б, откако постигна договор со екипата на Монца. Поранешниот репрезентативец на „азурите“ на Монца ќе и се приклучи веднаш.

„Скај спорт Италија“ јави дека менаџерот на Балотели, Мино Рајола, се откажал од своја страна од провизија за реализација на трансферот. Составот на Монца го предводи Адријано Галијани, а претседател е поранешниот претседател на Милан Силвио Берлускони.

Балотели, кој има 36 настапи во италијанскиот дрес и 14 голови, минатата сезона ја мина во Бреша, а во кариерата играше и за Интер, Милан, Манчестер сити и Ливерпул.

Бундес лигата во минус 1 милијарда евра

Бундеслигата, доколку на навивачите не им биде дозволено враќање на стадионите, оваа сезона ќе ја заврши со загуба од една милијарда евра, што е за 20 отсто помалку од заработката во сезоната 2018/19.

Минатата година Бундеслигата регистрираше пад од околу шест отсто, односно 250 милиони евра, откако на средина од сезоната во март, германското првенство беше погодено од пандемијата на коронавирус.

Во оваа 2020/21 загубата ќе биде уште поголема. Нашите проценки се дека вкупната загуба ќе изнесува една милијарда евра, односно 20 отсто, изјави претседателот на Германската фудбалска лига (ДФЛ), Кристијан Шајферт.

Според него, вкупната загуба од март 2020 година до средината на 2022 година би можела да достигне две милијарди евра. р

OhridNews