Агонијата на Шалке без победа во Бундес лигата продолжува, откако „сините“ на домашен терен ремизираа 1-1 и ги поделија бодовите со Штутгарт.

Шалке го отвори резултатот во првиот дел со голот на Малик Тиао, но не успеа да го задржи до крајот. Гостите после десеттина минути игра во второто полувреме постигнаа погодок од пенал и изедначија на 1-1. Тој резултато се покажа како конечен.

Во 79-та минута од натпреварот во игра за тимот на Штутгарт влезе македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Нов триумф на Вулверхемптон во Премиер лигата (видео)

Екипата на Вулверхемптон прокнижи нови три бодови на премиерлигашката табела, совладувајќи го Кристал Палас со 2-0 во првиот меч од 7-та рунда во Премиер лигата. Популарните „волци“ головите за победа ги постигнаа во 18-та и 27-та минута од мечот. Стрелци беа Аит Нури односно Поденсе.

Во шпанската Ла лига новата рунда со триумф ја започна тимот на Кадиз кој со 2-0 славеше на гостување кај Еибар.

OhridNews