Македонската фудбалска репрезентација ги започнa подготовките за престојниот квалификациски натпревар во Е групата против Изреал, кој се игра на Градски во сабота на 2 jуни. Подготовките вообичаено ке се одржат во базата во Охрид, а првата прозивка селекторот Среќко Катанец ќе ја направи во хотелот Инекс Горица во 12.30 . Од повиканите репрезентвици се очекува поголемиот дел да бидат пристуни на првиот трениг кој ке се одржи на Билјанини во 18.00, покрај играчите кои настапуват во македонското првенство Пачовски и Положани, поради обврските со Лацио ке задоцни Горан Пандев.

Прв пат од своето доаѓање на клупата на македонската репрезентација, Катанец нема да може да смета на суспендираниот капитен Гоце Седлоски кој на Максимир доби црвен картон. Поради повреда ќе ги нема ниту Александар Митревски и Игор Јанчевски, а и покрај тоа што беше повикан за деби – настап во македонската А селекција, 17. годишниот Горан Славковски од Интер не се одзва на повикот на Катанец поради наводна повреда.

МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛ

Екипата на скопски Вардар е освојувач на Македонскиот куп. Црвено – црните по пауза од 7 години освојуваат трофеј. Тие во финалето беа поуспешни од Победа совладувајки ги со 2-1

Викендов на програмата е последното коло во македонското фудбалско првенство .Прилепчани кои се најблиску до титулата со победа на гостувањето во Тетово против Шкендија ке го освојат македонското првеснство повторпат во својата историја. Дерби натпреврот се игра на Градски каде Работнички ја пречекува Македонија ЃП. Теоретски Работнички сеуште е во игра за титулата, но евентуален пораз би го одвел во Интертото купот .

Викендов со бараж натпреварите ке започне разигрувањето за шампион во општинскта фудбалска лига. Борец од Вапила игра против Лешани, додека Воска на Грашница ја пречекува екипата на Белчишта. Реванш натпреварите се играат во четврток. Додека финалето се игра на 10 Јуни на СРЦ Билјани Извори .

По завршувањето на сениорските кошаркарски првенства остануваат уште натпреварите во кадетска конкуренција. По освоенот второ место во лигата Колибрите во разигрувањето за титулата за влез во финалните 4  ке играат против Квиско од Скопје. Натпреварите се играат турнирски, а домаќин градот Гостивар.

Утре со почеток од 11 часот во организација на федерацијата на гимнастички спортови на македонија ќе се одржи 1 државен натпревар во спортска гимнастика.

М. Постолоски