Факултетoт за туризам и угостителство-Охрид освои прво место на Универзитетскиот турнир во мал фудбал кој беше одржан по повод 25 април, денот на основањето на Универзитет ,,Св. Климент Охридски”. На турнирот, велат, учествувале екипи од 10 единици на Универзитетот, а подобрите од нив ги понесоа и титулите.

I место освои екипата на Факултетoт за туризам и угостителство-Охрид, II место-Технички факултет – Битола и III место- Факултет за безбедност – Скопје.

Факултетот за туризам од Охрид на поединчените натпревари извојува победа со резулатите 12:0, 5:1 и 3:0 против Педагошки, Технички и Факултетот за безбедност.

Го избравме фудбалот како промотор на фер-игра, општествено и социјално вклучување како и промотор на здравје. Преку фер- плеј игра, одговорност, труд, взаемна почит и дружба беа изиграни сите утакмици помеѓу екипите, велат од УКЛО.

Ова не е наша последна спортска дружба која ќе ја имаме, туку продолжуваме со турнири во пинг-понг, пикадо, како и Универзитетска планинарска тура во периодот што следи, додаваат од УКЛО.

OhridNews