Центарот за истражување при Технолошкиот универзитет во Далијан беше иницијатор за склучување договор за соработка во делот на високото образование и науката со Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид.
Иницијативата е резултат на долгогодишната соработка што Факултетот за туризам и угостителство ја започна со овој престижен универзитет, рангиран во топ 500 во светот, уште во 2016 година кога деканот проф. д-р Снежана Дичевска беше во работна посета на овој универзитет, информираат од ФТУ.
Договорот што ќе се реализира во соработка со Центарот за научно истражувачка работа при ФТУ Охрид во наредните пет години, предвидува академска размена, тренинзи и обуки и научно истражувачка соработка и активности. Предвидени се низа заеднички научни истражувања во делот на дигиталното образование, дигиталната економија, меѓународна комуникација и соработка во делот на културата, во рамки на иницијатива „The Belt and Road Initiative“ и во други области, додаваатод ФТУ.
OhridNews