Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, идната недела ќе организира тркалезна маса на која ќе семдискутира за потенцијалите на соработка во областа на туризмот со високата школа за туризам Довил – Франција.

На тркалезната маса покрај еминентни професори од двете високообразовни институции, учество ќе земат и претставници на Општина Охрид , на Стопанската комора за туризам на Македонија и на бизнис заедницата.

Ohridnews