Факултетиот за туризам од Охрид и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, идната недела ќе потпишат договор за соработка.

Со тоа се отвара можност за научен придонес во изготвувањето на стратегијата за промоција на македонскиот туризам кој се обидува да се наметне на светскиот пазар.

Во ФТУ Охрид во тек се завршните подготовки за почетокот на новата академска година, која започнува со свечен час што ќе се одржи на 15-ти септември во 11:00 ч. во амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Ohridnews