Македонија го живее својот спортски сон. Кошаркарската репрезентација е четврта во Европа. Нацијата е во еуфорија, славеничка атмосфера владее насекаде.

Честитки и признанија за големиот успех на штотуку завршеното Европско првенство доаѓаат од сите страни. Огромно задоволство и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид чиј студенти се браќата близнаци Војдан и Дамјан Стојановски. Тие, како и целата репрезентации беа поздравени на првиот час, кој ја означи новата академска година на ФТУ.

Честитки и признанија стигнуваат и од другите високообразовни институции.

Универзитетот ФОН донесе едногласна одлука на ректорската управа и менаџментот на универзитетот за доделување на почесни академски титули на членовите на кошаркарската репрезентација на Македонија.

– Имено со указ на ректорот и на претседателот на Универзитетот, ФОН им доделува звање – Почесни академски граѓани и Почесни дипломци на Факултетот за Спортски менаџмент при ФОН Универзитет. Академските титули се доделуваат врз основа на пожртвуваноста и афирмирање на Македонскиот спорт од страна на целокупната репрезентација, информираат од Универзитетот.

ФОН ќе организира посебна церемонија на која кошаркарските репрезентативци ќе бидат прогласени во нивните почесни титули.

OhridNews