Во академската 2009/10 година Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ќе запише 410 бруцоши.  Тие можат да бираат помеѓу пет студиски програми: туризам, осигурување, хотелско ресторанска насока, царина и шпедиција и гастрономија. И во новата академска година факултетот ќе има дисперзирани студии во Велес.

Според објавениот конкурс, ФТУ -Охрид во редовната државна квота ќе запише 160 студенти кои ќе партиципираат со по 200 евра. Во редовната квота со кофинансирање во висина од 600 евра ќе можат да се запишат 200 студенти, а вонредно ќе можат да студираат 50 студенти. За тоа тие ќе треба да одвојат од 600 до 1000 евра.

Првиот уписен рок ќе се одржи на 17 и 18 август, а прелиминарните резултати од пријавувањето ќе бидат истакнати на 21 август. Вториот и третиот уписен рок ќе се одржат на 3 и 4, односно на 16 септември.

Ohridnews