Јужнокорејската полиција уапсила момче на возраст од 24 години кое фрустрирано од својот низок раст крадело женски чевли со високи потпетици и ги оставало во блиските паркови. Момчето идентификувано само како Ли, во рок од неколку месеци украло десетина парови чевли од училишта ресторани и куќи ширум својот кварт во Бусан, град на југот од земјата.

Полицијата најпрво мислела дека кражбите се дело на сексуален манијак, но Ли објаснил дека тоа го правел бидејќи не сакал кога жените носеле потпетици кои ги правеле повисоки од него. Ли, кој е висок само 165 сантиметри, бил фатен откако го снимиле безбедносните камери поставени во паркот во кој неколку пати ги оставил украдените обувки.