Фронтменот на рок групата “Kiss”, Џин Симонс ќе се ожени на 1 октомври со Шенон Твид, со која се забавува веќе 27 години. Познатиот музичар кој своевремено се фалел дека спиел со 4600 жени, најавил дека свадбената веселба ќе биде во еден хотел на Беверли Хилс.


Тој во последната епизода на своето реално шоу ја запросил Шенон Твид, која е поранешна Плејбој зајачица. Во врска се уште од 1984 година. Нивните деца Ник (22) и Софи (19) истакнале дека мислеле како нивните родители нема никогаш да се венчаат, и дека се горди на својот татко што конечно одлучил да го постави судбоносното прашање.