Борис Симонов, кој работел како функционер во руската агенција за риболов, фрлил од својот автомобил околу 335 илјадо долари, додека бил гонет од полицијата по улиците на Москва. Тој бил обвинет за примање мито и се обидел да и побегне на полицијата со својот кадилак, а кога сфатил дека нема да успее, ги фрлил парите.


Банкнотите кои се разлетале недалеку од центарот на Москва биле собирани од полицајците и ставани во кутии. Симонов бил надлежен за издавање дозволи за риболов на реките во московската област, а бил приведен и ставен во притвор се до расчистувањето на случајот.