Обожавателите на тако не сакаат кога некој ќе се обиде да им подметне лошо направен сендвич, но еден муштерија од Албани, САД, незадоволството од услугата го покажал така што го запалил ресторанот. Човекот, чиј идентитет не бил откриен, фрлил молотов коктел во еден ресторан од ланецот “Taco Bell”. Тој се појавил во ресторанот околу 4 часот наутро, и барал повеќе месо во своите екстра големи тортиљи кои ги нарачал. Кога менаџерката на ресторанот му рекла дека тоа не е возможно бидејќи ресторанот затвара, тој рекол дека ќе се врати и малку ќе го преуреди ресторанот.
Набрзо после тоа фрлил молотов коктел низ прозорецот. Полицијата трага по сторителот, а поради лошиот квалитет на снимките од безбедносните камери не можело да се види лицето на човекот. Инаку, ова е веќе втор инцидент кој се случил во “Taco Bell” во последниве два месеци. Имено, минатиот месец едно 30-годишно момче пукало во еден од вработените бидејќи не му го донел лутиот сос кој го барал.